Овојпат причина не е проширувањето на портфолиото туку законите
Денес ретки се тие што се сеќаваат дека некогаш постоеше италијанската марка автомобили Autobianchi но во иднина нивниот број ќе се зголеми. Имено, оваа марка која згасна во деведесеттите години беше под владение на Fiat кој ја претопи во Lancia. Оттогаш досега таа полека но сигурно започна да паѓа во заборав за сега повторно да дојде на чекор до воскреснување. Причините за тоа не се ниту финансиски ниту носталгични туку легислативни. Имено, според италијанската законска регулатива за да постои ваква марка мора да има некој свој производ, заради што Stellantis кој е правен наследник на правата за користење мора да се реши да лансира некој модел под нејзините ознаки инаку државата ќе стане сопственик на правата за користење на името Autobianchi. А бидејќи сега сé се врти околу Кинезите, тоа раководството на итало-француско-американската групација не можеше така лесно да со го дозволи. Затоа и се решија, иако засега неофицијално, да ја вратат марката во живот. Гласините велат дека тоа ќе се случи со ребрендирањето на Fiat Pandina која со оглед дека ќе остане во понуда до крајот на деценијава е идеален кандидат да се купи време. Што всушност ќе се случи, допрва ќе дознаваме.


