AUTOBEST го најави 24-то издание на Гала наградите

AUTOBEST, независна група експерти од автомобилски медиуми кое опфаќа 32 земји, и претставува најголемо жири во Европа, со возбуда го најавува 24-тото издание на AUTOBEST Гала наградите за 2025 година, што ќе се одржи на 12-ти јуни, во Виена, прекрасниот главен град на Австрија.

Најважната европска автомобилска награда „Best Buy Car of Europe 2025“ и припадна на третата генерација на DACIA DUSTER. Тоа е вториот модел на автомобил кој ја освоил два пати престижната награда во 24 годишната историја на AUTOBEST. На ова доделување ќе биде присутен и новиот член на жирито Витолдас Милиус што ја претставува Литванија што е проширување на жирито во 32 европски земји.

Покрај тоа, ECOBEST Challenge за 2025 година треба да се одржи од 26 до 28 мај во близина на Ваирано, Италија, полигонот на италијанската автомобилска библија Quattroruote, која е техничкиот партнер на во овој потфат. Оваа година, AUTOBEST е возбуден да објави ново партнерство, чии детали ќе бидат обелоденети подоцна. ECOBEST Challenge е сертифициран од БИРО ВЕРИТАС за трет последователна година, што е глобално признание за иновативната и конзистентна методологија.

Претходното 23-то издание на гала на наградите AUTOBEST се одржа минатата година во срцето на Луксембург, во престижното одморалиште Leweck. Во текот на две децении, AUTOBEST Гала наградите станаа клучниот настан на автомобилски календар, со уметничка содржина од светска класа и уникатно. Други награди што ќе бидат доделени за време на Галата се:

COMPANYBEST 2025: BYD

MANBEST Куќа на славните: Арнауд Белони, CMO на Renault

SPORTBEST Куќа на славните: Валтер Рорл

DESIGNBEST Куќа на славните: Стефан Сиелаф, главен дизајнерски директор на групацијата Geely

ECOBEST 2025: Renault 5

TECHNOBEST 2025: AUROBAY Hybrid system technology

SMARTBEST 2025: ChatGPT на Stellantis DS, Peugeot, Opel

SAFETYBEST: CYBEX воздушно перниче за автомобилско седиште

AUTOBEST, исто така, за прв пат во историјата доделува сосема нова награда „ЅВЕЗДА СЕ ВРАТИ“.

Таа е доделена на LANCIA за извонредниот камбек на легендарниот италијански бренд.

Renault 5 и Renault 4 ја добиваат и наградата „ЅВЕЗДА СЕ ВРАТИ“ за извонредно оживување на двата иконски модели во модерна интерпретација.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER