Објавени победниците на AutoBest наградите за 2026 година

  • Стела Ли е новиот член на ManBest куќата на славните на
  • Toyota ја освои CompanyBest 2026 наградата
  • Џеф Додс е SportBest 2026
  • Адриан ван Хујдонк е DesignBest 2026
  • Pirelli Cyber Tire е SafetyBest победник
  • Наградата А Star is Back оди кај Honda Prelude

Европското AutoBest жири ги избра победниците на наградите за 2026 година. Процесот на гласање и одлуките за доделувањето на награди беа завршени за време на дводневниот AutoBest Ultimate тест кој се одржа на 27 и 28 ноември во ÖAMTC возачки центар во Тисдорф, во близина на Виена. По години успешни сесии за тестирање AutoBest се врати во овој сега надграден центар со кој значително се подобрува пакетот за тестирањата на AutoBest Conquest 2026 финалистите – BYD Dolphin Surf, Citroen C3 Aircross, Fiat Grande Panda, Ford Puma Gen-E, MG S5 EV и Renault 4. Овие модели се натпреваруваат највлијателното признание во автомобилска индустрија – Best Buy Car во Европа 2026. Признанијата од седумте категории кои AutoBest жирито составено од независни автомобилски новинари од 32 европски земји ги додели ќе им бидат врачени на победниците на ексклузивна церемонија која ќе се одржи во Виена на средината на март.

Стела Ли, извршен потпретседател на BYD и претседател на BYD Америка е најновиот член во ManBest куќата на славните, најдобрите врвни менаџери што ги има индустријата. Оваа награда ја признава нејзината клучна улога во брзата глобална експанзија на BYD трансформирајќи го во глобална сила за електрични возила. Нејзиното лидерство во стратегиите, иновациите и одржливата мобилност го забрза светскиот премин кон електричниот транспорт.

Наградата CompanyBest 2026 оди кај Toyota за нејзините исклучителни перформанси и избалансирана стратегија. Во 2024 година компанијата остана најпродаван производител на автомобили во светот испорачувајќи 10,8 милиони возила глобално. Умниот пристап на Toyota со повеќе патеки им обезбедува на клиентите хибриди, плаг-ин хибриди, електрични и возила со погон на водород. Филозофијата на компанијата за целосно покривање со сè – од спортски до комерцијални возила ѝ гарантира дека се натпреварува во практично секој пазарен сегмент низ целиот свет. Непоколебливата посветеност кон мотоспортот беше наградена и во 2024 година кога Toyota Gazoo Racing освои три FIA светски првенства на производители, покажувајќи дека трките продолжуваат да ја водат својата иновација.

Наградата SportBest 2026 ја освои Џеф Додс, кој како извршен директор на формула Е ја подигна на ново ниво. Тој овозможи проширување на календарот со додавање на нови возбудливи локации, имаше влијание врз развојот на автомобили од 4-та генерација и како искусен експерт за маркетинг јасно го подобри медиумското присуство на формула Е.

SafetyBest 2026 се доделува на Pirelli Cyber Tire. Тоа е еден од првите интегрирани хардверски и софтверски системи во светот способен за собирање податоци од сензорите во пневматиците и нивна обработка во реално време со електрониката на возилото. Ова овозможува развој на нови функции кои се целосно интегрирани со системите за возење и контрола, подобрувајќи ги искуството при возењето и безбедноста.

За TechnoBest 2026 наградата е избрана Super e-Platform Flash технологијата на BYD. Новиот систем нуди врвни брзини на полнење со еднонасочна струја од 1.000 kW, способни да обезбедат 400 km автономија за само пет минути, што значи 2 километри за секоја секунда! За да ги постигне овие брзини на полнење BYD разви голем број напредни технологии во својата најнова архитектура за електрични возила за идните модели, вклучувајќи високонапонски силициум карбидни чипови за напојување и брзи полначи. Самиот полнач е невообичаено компактен, зафаќа само 1,5 квадратни метри и доаѓа со два приклучоци по капсула.

Адриан ван Хујдонк, главен дизајнер на BMW групата, е најновиот член во DESIGNBEST Hall of Fame. Тој во BMW започна да работи во 1992 година а стана директор за дизајн на групацијата во 2009 година. Го трансформираше оригиналниот Neue Klasse во модерна интерпретација која ќе биде подеднакво клучна. Цела гама ќе биде развиена врз основа на визијата на Ван Хујдонк, осигурувајќи дека тој ќе остане еден од највлијателните дизајнери на автомобили во светот уште многу години.

Honda Prelude е добитник на А Star is Back наградата. На автомобилскиот пазар кој брзо станува униформен освежувачки е да се види како Honda повторно се осмелува да размислува надвор од лимитите. Со концепт на класично возило оживеан со модерни технологии докажува дека убавината и напредокот сè уште можат да се спојат – исто како што Prelude го направи тоа пред неколку децении.

Наградите SmartBest и EcoBest ќе бидат објавени подоцна.

Гледајќи напред, AutoBest се подготвува за историска еволуција во начинот на кој се одлучува за автомобилските награди. За прв пат досега, јавноста ќе се придружи на жирито во изборот на најдобар автомобил според вредноста во Европа и три дополнителни нови категории – најдобар автомобил за корисници, најдобар дизајн на автомобил, најпристапен пакет технологии за автомобилите. Почнувајќи од средината на јануари 2026 година љубителите на автомобили од цела Европа се поканети да гласаат за најдобриот меѓу финалистите. Гласањето ќе трае до големото финале кога резултатите ќе бидат објавени во живо за време на AutoBest Conquest шоуто, на 28 март 2026 година. Овој пионерски формат го означува преминот на AutoBest од традиционалните гала награди во современ концепт – првпат во светот на автомобилите. Гласовите на јавноста ќе учествуваат со 50% во конечниот резултат, а оние на жирито со преостанатите 50%.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER