Европското AutoBest жири ги објави финалистите за 2025 година
Citroen C3, Dacia Duster, Fiat Grande Panda, MG 3, Opel Frontera и Renault Symbioz се финалистите за AutoBest наградата за 2025-та година. Овие автомобили ќе се натпреваруваат за Best Buy Car признанието во Европа за идната година. Жирито составено од 31 член од исто толку европски земји ќе ги направи своите последни проценки и ќе ги даде своите гласови во наредните недели, а победникот на 24-тото AutoBest издание ќе биде објавен на средината на декември. Шесте производители имаат право да го користат AutoBest финалист 2025 логото во нивните комуникациски и промотивни кампањи што ќе ги водат до прогласувањето на победникот. По четири години успешни настани за финалниот тест жирито на 28 и 29 ноември ќе се врати во Теесдорф, Австрија. Во следните недели AutoBest ќе ги соопшти победниците во категориите EcoBest, CompanyBest, ManBest, DesignBest, SafetyBest, SmartBest, SportBest и TechnoBest.
AutoBest го претставува новиот член од Финска Арту Тоивонен, автомобилски новинар во Iltalehti, една од најголемите медиумски куќи во Финска. Со 16-годишно искуство во автомобилското новинарство тој има работено за списанија за класични автомобили, автомобилски публикации, весници и беше домаќин на популарна сообраќајна програма на радио и подкасти. Дополнително, тој има напишано книги за историјата на сообраќајот, спортските автомобили и дизајнот на автомобилите. Го заменува Томи Лемпинен кој реши да се повлече од жирито.
Членовите на AutoBest жирито претставуваат 31+1 европски земји (Русија засега останува суспендирана) – најголемото независно автомобилско жири во Европа и во светот по бројот на застапени земји. AutoBest жирито посветува големо внимание на напорите на автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за работа во автомобилската индустрија, фондовите за зелени автомобили и технологии и поддршката на различни региони во Европа внимателно се следат од жирито. Новите технологии во автомобилите и поврзувањето се исто така под лупа. За овие достигнувања се наменети вкупно осум награди.
24-та AutoBest Awards гала церемонија ќе се одржи во Цирих, а датумот ќе биде дополнително објавен. Годинешното издание на AutoBest гала наградите се одржа на 23-ти мај во срцето на Луксембург, во престижното одморалиште Левек, место познато по своето гостопримство и наследство. Во текот на изминативе повеќе две децении AutoBest гала наградите станаа клучниот настан во календарот на автомобилските настани, со уметничка содржина од светска класа и уникатно големо финале за AutoBest наградите.