AutoBest 2019 :: Објавени финалистите и добитниците на првите награди

Објавени финалистите и добитниците на првите награди

Линда Џексон, извршниот директор на Citroen, стана првата жена во ManBest алејата на славните
Питер Хорбери, главниот дизајнер на Geely, го доби DesignBest 2018 признанието
Објавено на 18 октомври 2018 година

Citroen Berlingo/Peugeot Rifter/Opel Combo, Citroen C4 Cactus, Dacia Duster, Ford Focus, Kia Ceed и Toyota Corolla се финалисти за европскиот AutoBest 2019. Овие автомобили ќе се натпреваруваат за наградата ‘Best Buy Car of Europe in 2019’. Жирито од 31 член ќе ги направи конечните оценки и ќе ги даде своите гласови во наредните недели, а победникот ќе биде објавен на 15-ти декември. “Годинава имаме рекорден број нови автомобили кои влегоа на финалната листа на европскиот натпревар. Ова е главно резултат на тоа што членовите на жирито одлучија дека новиот модел на PSA групата ќе се натпреварува како еден. Зголемениот број учесници ќе го направи годинешниот натпревар за Best Buy Car на Европа во 2019 година уште возбудлив! Друг прв е Citroen кој е првиот бренд што има два модела во финалето“, рече Дан Варди, основач и претседавач на организацијата AutoBest. Во согласност со правилата, жирито одлучува за бројот на финалисти секоја година. AutoBest го промовираше и логото на “European AutoBest 2019 Finalist“. Седумте производители имаат право да го користат во сите свои кампањи за комуникација и промоција, пред објавувањето на AutoBest 2019 победникот.

На 27 и 28 ноември, Европското AutoBest жири ќе се собере на тест-патеката Ваирано во близина на Милано, Италија, за Final-6 тестирањата. “Како AutoBest, изведуваме едни од најрелевантните и најсложени тестови на возилата. Нив ги инаугуриравме пред неколку години во соработка со ASC Vairano, на патеката на Quattroruote, водечкиот италијански магазин за автомобили и член на AutoBest. Исто така први воведовме и најнапредна форма на сесија за прашања и одговори во автомобилската индустрија. Сето ова прави AutoBest собирот во Ваирано да биде уникатен настан организиран од европските автомобилски медиуми“, изјави Илија Селиктар, претседател на AutoBest жирито.

Наградата ManBest 2018, посветена на најдобрите врвни менаџери што ги имаме во индустријата, отиде кај Линда Џексон, извршниот директор на Citroen, која стана прва жена во алејата на славните на AutoBest. “Во автомобилскиот свет во кој доминира машкото раководство, Линда е брилијантен пример за конкурентна женска врвна извршна власт. Таа е првата жена во нашата 18-годишна ManBest историја што стана член на алејата на славните. Сите сме многу возбудени што ја имаме во најважната галерија на врвни директори во глобалната автомобилска индустрија“, рече Дан Варди, основач и претседавач на AutoBest организацијата.

Годинешната DesignBest 2018 награда отиде кај Питер Хорбери, главен дизајнер на Geely Automotive Group. Влегувајќи во оваа своевидна алејата на славните резервирана само за најдобрите автомобилски дизајнери, Хорбери го доби ова европско признание за неговата неверојатна работа како човек кој успеа да го дефинира јазикот на дизајнот на неколку марки автомобили. Во последниве години, Питер ги предводеше дизајнерските центри на автомобилската групација Geely, која ги вклучува брендовите Lynk & Co, London Taxi, Lotus, Volvo и Geely.

TechnoBest 2018 наградата ја доби францускиот бренд DS за неговото Active Scan ослонување со пионерска употреба на камера, четири сензори за позиционирање и три акцелерометри за скенирање на патот што следи за испакнатините и дупките, соодветно прилагодувајќи ги поставувањата на амортизацијата. Тоа е извонредна автомобилска технологија која дава предвидливо префинето возење за удобноста на патниците во автомобилот. Оваа награда е прва за францускиот бренд. AutoBest годинава ја враќа наградата TechnoBest по двегодишна пауза, кога жирито сметаше дека ниту една нова технологија не ја оправдува целта на оваа награда.

Оваа година престижната награда SportBest 2018 отиде кај Toyota Motor Company за исклучителните резултати во мотоспортот. Toyota има долга и успешна историја во многу мотоспорт серии на највисоко ниво, од формула 1 до индикар, трки за издржливоста и рели натпревари. 2018-тата година го означи вистинскиот нагласок за јапонскиот производител и неговиот мотоспорт тим со база во Келн: двојната победата на легендарниот 24 часа Ле Ман даде доказ за посветеноста, амбициите, тимската работа и пред сè упорноста на луѓето во Toyota Racing и Toyota Motorsport. Во тековниот WEC светски шампионат на издржливоста и светскиот WRC рели шампионат, Toyota ги брка титулите во конкуренција и на производители и на возачи.

Членовите на AutoBest жирито претставуваат 31 европска земја што го прави најголемо независно жири во светот според бројот на застапени земји. AutoBest жирито посветува големо внимание на напорите на автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за вработувања, средствата одвоени за зелени технологии и поддршката на различни региони на Европа се внимателно проверени и оценети од страна на жирито. Новите автомобилски технологии и поврзаноста се исто така под лупа на жирито. Севкупно, посветуваме осум награди за овие достигнувања во следните категории: ManBest, CompanyBest, EcoBest, DesignBest, TechnoBest, SafetyBest, SmartBest и SportBest. Сега се објавени добитниците на првите четири – преостанатите ќе бидат објавени подоцна.

 18-тата церемонија на доделувањето на наградите ќе се одржи во Брисел, Белгија, на 7-ми февруари 2019 година. Секоја година AutoBest Gala манифестацијата ги обединува врвните директори на разни компании. Затоа и стана еден од единствените годишни европски настани каде конкурентите со големо задоволство се собираат на иста маса. AutoBest Gala манифестацијата во последните 18 години еволуираше од истакната вечера на локации со пет ѕвездички до европски настан со уметнички содржини од светска класа, гурманско мени и уникатно големо финале на AutoBest. Минатата година оваа манифестација се одржа во Салцбург, Австрија.

Во исто време, AutoBest жирито го поздравува Руи Педро Реис, новиот член кој ја претставува Португалија. Тој го заменува Хозе Каетано, кој одлучи да се повлече од жирито. Руи Педро е почитуван глас на новинарите во Португалија. За негово прифаќање како член на жирито, Руи Педро рече: “Чест ми е да се придружам на AutoBest. Со нетрпение очекувам да придонесам за сé што можам и да бидам горд амбасадор на Португалија“. Алрик Содерлинд, главен и одговорен уредник на ‘Auto Motor & Sport’, ќе ја претставува Шведска во европското жири. Тој го заменува доста ценетиот автомобилски новинар Андерс Хелгесон. Придружувајќи се на AutoBest, Алрик рече: “Со нетрпение очекувам да учествувам во работата на AutoBest – на наградувањето на новите автомобили кои се важни за развојот на автомобилизмот и навистина добри за разумен буџет“. Членството на Руи Педро и Алрик стапува на сила веднаш и тие ќе учествуваат во сите активности поврзани со жирито.

За AutoBest
AutoBest Организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт на „Best Buy автомобил“, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. Вкупно 31 европски нации сега се претставувани во жирито, покривајќи огромно мнозинство од населението во Европа. За еден автомобил да стане AutoBest победник, мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AutoBest жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER