Audi го воскресна својот историски тркачки автомобил кој на патеките важеше за брз и технолошки понапреден и во свој посед имаше 26 интернационални рекорди и 13 рекорди во својата класа.

Болидите на Auto Uniot и Mercedes крвнички се натпреваруваа на патеките. Наречени „Сребрени стрели“ затоа што алуминиумската каросерија не им беше обоена за да бидат што е можно полесни, постигнуваа брзини кои и ден-денес се респектабилни.

Во тој период на иновации во кој автомобилските производител ги предизвикуваа границите на физиката настанаа и тркачките болиди на Auto Union чија трага во поствоениот период на Втората Светска Војна им се губи.

Се претпоставува дека како и сé друго напредно, од источниот дел на Германија каде беше седиштето на Auto Union е однесено во Советскиот Сојуз каде е расклопено, анализирано ископирано и уништено.

За да ја пополни таа празнина Audi заедно со британските специјалисти од компанијата Crosthwaite & Gardiner користејќи ги ретките фотографии и достапната документација работеа повеќе од три години да создадат верна реплика на еден од најпознатите автомобили од тоа време.

Наречен е Lucca според истоимениот италијански град во чија близина Ханс Штук во 1935-тата постигна историски резултат од 327 километри на час. Основата за болидот беше тркачкиот Typ A кој доби затворена каросерија со аеродинамично оптимизирана силуета налик на проектил.

Петлитарскиот компресорски агрегат од своите 16 цилиндри извлекуваше 343 коњски сили кои лесно се справуваа со тежината од 900 килограми. И неговата современа интерпретација ја задржува истата техничка суштина и верно го отсликува духот на оригиналот.

Изработена рачно со посебно внимание на деталите го има поголемиот мотор од подоцнежниот Typ C со зафатнина од шест литри, навиен на 520 коњски сили.

Ги остварува при 4.500 вртежи во минута користејќи специфична мешавина на гориво од бензин, метанол и толуен. Максималната брзина не е специфицирана а своето прво јавно појавување ќе го има на фестивалот на брзината во британскиот Гудвуд во јули, каде нема да се обиде да соборува рекорди туку ќе потсети колку напредно размислувале инженерите од тоа време.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER