Audi – RS5 Sedan & Avant

Замената за претходните RS4 и RS5 е наоружанa со високо-перформансен приклучен хибрид, што ја прави страв и трепет за конкуренцијата

Изведбите со префиксот RS секогаш буделе посебни емоции кај купувачите. Сега, со новиот дериват буди посебен страв кај постоечките конкуренти.

Одделението Audi Sport се погрижи под хаубата да го смести 2,9 литарскиот V6 мотор со двојно турбо кој е основата на тандемот заокружен со електричен мотор сместен во осумстепениот автоматски менувач.

Тие заедно генерираат доволно сила за да ги засените сите конкуренти кои се декларирани во оваа класа. Бензинскиот мотор изведен од познатиот, што ги погонуваше RS4 и RS5, произведува 510 КС и 600 Nm.

На тоа се надоврзува електричниот мотор кој додава 177 КС и 460 Nm. Заедно, тие испорачуваат 639 КС и 825 Nm. Audi тврди дека забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди. Батеријата е прилично голема со нето моќност од 22 kWh, сместена е под багажникот и се полни на наизменична струја до 11 kW.

Таа би требало да обезбеди електрична автономија до 80 км. Сето тоа резултира со зголемена тежина.  Седанот тежи 2.355 кг, додека Avant има 15 кг повеќе, па новитетите ги прави за 190 кг потешки од RS6 со V8.

Визуелно, новиот RS5 ја зголемува агресивноста. Каросеријата е околу 90 мм поширока од стандардниот A5, има потемна решетка во облик на саќе, а осветлувањето добива графика со карирани знамиња во потписите.

На задната страна, ставен е дифузер со вертикални перки и мат овални издувни цевки кои изгледаат доволно големи за да се употребат како оџаци.

Секако изгледа моќно и страотно атрактивно, но за да дознаеме како се однесува во возењето ќе мора да почекаме до крајот на третиот квартал оваа година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER