Audi RS3 – најбрз компакт

Вести

Покорен Нордшлајфе!

Новиот Audi RS3 е најбрзиот компакт на Нурбургринг-Нордшлајфе

објавено 03. август 2021

Со време од 7: 40.748 минути Франк Штиплер, тркачкиот и развојниот возач од Audi Sport, го подобри рекордот на патеката за оваа класа автомобили за 4,64 секунди. Според него новиот систем за распределба на вртежниот момент, кој прв пат се користи во Audi, придонесе за поставувањето на новиот рекорд. Дистрибуцијата на погонскиот вртежен момент се одвива во целост варијабилно помеѓу задните тркала. На тој начин сплитерот го зголемува вртежниот момент до задното тркало од надворешната страна на свиокот па така, во свиоците од десната страна, поголем вртежен момент се пренесува на левото задно тркало, а во левите свиоци се случува токму обратно. Автомобилот со кого беше поставен новиот рекорд беше опремен со полу мазни пневматици со кои ќе се испорачува сериски RS3, додека од дополнителните опции на списокот се најдоа керамичките предни дискови и спортската суспензија RS Plus со адаптивна контрола на амортизерите.