Малиот Q3 е еден од најважните модели на Audi. Со новиот третман доби ветер во грбот да продолжи по курсот на успехот
Третата генерација на Audi Q3 влезе во светската автомобилска арена каде вниманието на купувачите ќе го освојува со нови квалитети видливи веќе на прв поглед.
Надворешноста на субкомпактниот кросовер зрачи со самодоверба и емоции добиени со широката маска и елегантно заострените матрикс ЛЕД светла. Карактерната линија на силуетата визуелно го дели автомобилот на два дела, создавајќи посебна распределба на светлината и сенките.
Задниот дел го заокружува аеродинамичниот концепт во кој естетиката е доведена на ново модерно ниво. Внатре управувачот е опремен со новата контролна единица ослободувајќи повеќе на централната конзола. Акустиката е подобрена со посебните предни стакла а практичноста на каросеријата ја демонстрира и багажникот од 488 литри.
Дигитализацијата длабоко е навлезена обезбедувајќи поголема удобност и безбедност. Избалансираната погонска понуда стартува со благиот бензински хибрид со 150 коњски сили колку што има и дизелот, додека плаг-ин хибридот кој испорачува 272 коњи може да помине 119 километри само на струја.
Audi досега има продадено повеќе од два милиони примероци од Q3. Новиот модел ќе биде лансиран во октомври со почетна цена во Германија од 44.600 евра.





























