Господарот на прстените минатата година се соочи со многу предизвици, особено поради падот на побарувачката на електрични возила на светскиот пазар.
Бројката од 1.671.218 испоралани возила можеби звучи импонзантно за премиум бренд, но доколку се споредат бројките со оние остварените во 2023-та тоа е пад од 11,8%!
Причините за овој пад раководетвото ги гледа во глобалната економска ситуација, предизвикувачки економски услови, интензивно конкурентниот пазар и ограничената достапност на делови. Покрај тоа, новото портфолио на производи само постепено има влијание врз обемот на глобалната продажба. Audi испорача повеќе од 164.000 целосно електрични возила ширум светот што е пад за осум проценти.
Побарувачката беше особено голема за Audi Q4 e-tron, со речиси 108.000 единици испорачани на глобално ниво. Носители на продажбата лани беа Audi Q5 (298,000), Audi A6 (244,000) и Audi Q3 (215,000) продадени примероци. Најголемиот пад од 21,3% Audi го забележа на домашниот пазар. И на останатите пазари бројките се во црвено. Северна Америка минусот изнесува 13%, во Кина 10,9% а во Европа 5,9%.
За тековната година сé уште е рано да се прогнозира. Според менаџментот оваа година ќе биде година на консолидација и прегрупирање со цел да се зголеми пласманот. Во тоа треба да помогнат најавените нови модели Q3 и А7. За А7 се знае дека ќе има радикална промена и од спортбек ќе се трансформира во традиционален седан. Ќе следат уште две негови верзии и тоа караван и Allroad. Исто така, се планира повеќето постоечки модели да добијат погон со приклучни хибриди.


