Audi e-tron Sportback » Подготвен за пазарно лансирање (со видео)

Новитети

Подготвен за пазарно лансирање

Точно според планот, Audi е подготвен да започне со продажба на атрактивниот електричен кросовер

Објавено на 4 април 2020 година

Суфиксот Sportback веќе се одомаќини во гамата кросовери на Audi, па и електричниот е-tron не е исклучок. Тој редовно донесува значително поатрактивен дизајн со купеовски заден дел и понекој ексклузивен детаљ, каков што кај e-tron Sportback се новите ЛЕД светла со Digital Matrix технологија. Она што сепак прво паѓа во очи е ниската силуета која освен естетските вредности има и коефициент на отпор на воздухот 0,25, но само ако купувачот ги избере опционалните виртуелни ретровизори каде камерата и екраните ги заменуваат огледалата. Во Audi велат дека подобрата аеродинамика овозможува за околу 10 километри поголема автономија. Данокот на атрактивната форма го плаќаат патниците назад, но и нивниот багаж за кој сé уште на располагање се дарежливи 615 литри.

Audi e-tron Sportback ќе се нуди со две изведби на погонот. Основната има 313 KS и 540 Nm, а двата електромотора ги напојуваат батерии од 71 kWh. Автономијата е 347 km, до 100 km/h забрзува за 6,8 секунди и максимално постигнува 190 km/h. Втората изведба има електромотори од 360 KS и 561 Nm, кои во краткотрајно оптоварување ќе исфрлат и 408 KS и 664 Nm. Поголеми се и батериите, чии 95 kWh овозможуваат автономија од 445 km. До сто на час му требаат 5,7 секунди, а ќе повлече најмногу до 200 km/h. Почетната цена во Германија е 71.350 евра.

Видео

клучни зборови: ,