Audi e-tron GT quattro – World Car 2022

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Петтиот оскар за електричните прстени!

Audi e-tron GT quattro е голем победник на овогодинешното доделување на World Car наградите за автомобили, кои по 18-ти пат беа доделени во Њујорк. Номиниран во три категории, e-tron GT quattro ја понесе титулата Светски Автомобил со Високи Перформанси на изборот наречен „Оскари на автомобилскиот свет“. Фактот што Audi e-tron GT quattro ја презема титулата „World Performance Car“ производителот го прави горд. Со него се докажува дека електричната мобилност може да биде одржлива, динамична и фасцинантна, а тоа е важен дел од посветеноста на неа. Од 2026 година, Audi ќе лансира нови модели само со електрични погонски системи на глобалниот пазар. Почнувајќи од 2025 година, целото производство на локациите на Audi ќе биде јаглеродно неутрално. Тоа веќе се случува во Брисел, Ѓер и Болингер Хофе, каде се произведува Audi e-tron GT quattro. Перформансите се обезбедени благодарение на софистицираниот систем за термичко управување сочинет од четири термички кола. Така се обезбедува батеријата и компонентите на погонскиот систем да останат на нивната идеална температура, што резултира со динамички карактеристики кои можат да се репродуцираат во секое време. Овогодинешната победа за Audi претставува севкупен единаесетти триумф на World Car наградите, од кои пет освои со електричен модел, со што брендот со четирите прстени станува најуспешен производител во историјата на доделувањето на овие награди.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER