Audi без прстените во Кина

Audi е, ама баш и не е…

Новите електрични модели на Audi во Кина можеби нема да го носат традиционалниот амблем со четирите прстени – причината е што ќе бидат развиени на платформата на SAIC и ќе се ослонуваат на локалните добавувачи и технологии. Затоа и се поставува прашањето ќе бидат Audi или не?! Јасно, ако се Audi на суетниот кинески пазар ќе можат да се продадат доста поскапо отколку ако не се. Но од друга страна, пак, тие ќе ја соборат цената на „чистокрвните” Audi модели, оние целосно направени од германската марка. Затоа  и ваквото решение, иако делува невешто  и нелогично, всушност е добро смислен компромис. Сепак да го  почекаме ноември кога Audi планира да го претстави првиот концепт од најавната електрична соработка со SAIC. Според непотврдени информации, во план е воведување на девет вакви модели до 2030 година.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER