Се врќаат ли прстените во релито?
Струја на макадам
објавено 02 декември 2020
Според проценките направени од Audi релито Дакар може да почне да ја враќа својата стара популарност од 2022 година. Спортското одделение на ”Господарот на прстените” потврди дека ќе учествува на класичните натпреварувачки митинзи од година за наредна. Како возило ќе се користи прототипот на електричен автомобил со продолжувач на опсег. Со тоа марката најавува сензација подеднаква каква направи во раните 1980-ти со Audi Quattro. Дали ова треба да се свати како дел од развојот на возило адекватно за предизвикот на Дакар серијата или пак само како нормална еволуција во рели спортот каде пробивот на електричните возила се очекува да биде со засилено темпо, останува да покаже времето.


