Со затегнат дизајн, значително засилен мотор и подобрено подвозје, ажурираниот Vantage повторно ќе изнудува воздишки
По речиси шест години на пазарот Vantage темелно е обновен. Промените се вртат околу сите главни аспекти, вклучувајќи го надворешниот дизајн, внатрешната технологија, подвозјето и моторот.
Моќта доаѓа од преработениот четири литарскиот V8 твин-турбо, кој доби модифицирани профили на комори, зголемено ладење, оптимизирани коефициенти на компресија и поголеми турбополначи. Резултатот е дополнителни 155 КС и 115 Nm вртежен момент кои сега силата ја кренаа на 655 коњи со мамутски 800 Nm. Моторот е поврзан со автоматски менувач со осум степени на пренос од ZF, со што Vantage сега достигнува стотка за 3,7 секунди и бележи максимални 325 км/ч.
Силата се пренесува на задните тркала преку, од карбон изработено, карданско вратило. Згора на тоа, моделот може да се пофали со зголемена торзиона ригидност благодарение на реконструираното подвозје опремено со нови интелигентни адаптивни амортизери.
Како резултат на тоа, автомобилот е поагилен во свиоците и попрефинет во споредба со неговиот претходник. Aston Martin Vantage има, меѓу другото, електронски диференцијал со ограничено пролизгување на задната оска и контрола на лансирање, како и контрола на тракцијата прилагодлива во пет насоки. Цената се уште не е објавена, но се очекува да биде под 200.000 евра.



