Направен рачно, новиот V12 на Aston Martin, ќе се користи ексклузивно во мало сериските „ограничени“ модели
Скоро истовремено со колегите од Модена кои го најавија новиот модел со 12 цилиндерски мотор, британската спортска марка објави дека разви нов и дури посилен V12. За оваа прилика направени се низа технички подобрувања, вклучувајќи ги и турбо полначите кои „вртат“ побрзо и имаат помал момент на инерција.
Симболот на моќ и престиж, според она што го изјавија од таборот на Aston Martin, ќе испорачува 835 КС и 1.000 Nm вртежен момент. Ова е нова ера на V12 мотори во Aston Martin и ќе се произведува во строго ограничен број. За прв пат ќе се користи во новиот знаменосец кој ќе биде претставен подоцна оваа година. Од компанијата оваа новост ја нарекоа „To Vanquish them all“ (Да ги покори сите), па можеби меѓу редови ни најавија која лимитирана изведба ќе го понесе новиот V12.