Aston Martin – Girard-Perregaux

Занимливости

Спој на легендите

објавено 24. февруари 2021

Во немилосрдната потрага по брзина, времето е најголем предизвик. Трката против часовникот ги воодушевува љубителите на мото-спортот повеќе од 100 години, додека мерењето на времето ги предизвикуваше производителите на часовници низ историјата. Јасно е да се согледаат сличностите помеѓу двете гранки. Компаниите Aston Martin и Girard-Perregaux беа основани од визионери со вродена страст. Астон Мартин е основана во 1913 година од Лионел Мартин и Роберт Бамфорд, додека Жирар Перего може да го пронајде своето потекло во 1791 година, кога Франсоа Баут, на само 19 години, го произведе својот прв часовник.

Двете компании ја прославуваат својата соработка со сопствени аргументи. Часовникарите ќе направат специјална серија која ќе ја промовираат годинава. Автомобилџиите после 60 години се враќаат во Формула1. Aston Martin Cognizant Formula One тимот ќе дебитира на трката во Бахреин.  Од оваа соработка најмногу ќе добијат љубителите на двата бренда кои ги поврзува страста кон совршеното во своите производи.