Формула 1 има ново медицинско возило
Најбрзата итна помош во светот е Aston Martin DBX707
Екстремниот британски модел во новата верзија улогата ја доби со надградбите на моторот, преносот, ослонувањето и сопирачките кои го сместија на највисокото скалило меѓу кросоверите на денешницата. Седиштата се тркачки, исто и пневматиците а опремен е и со комуникациски систем и соодветни сигнални светла.
Медицинската екипа на посебни екрани може да ги следи настаните на патеката и биометриските податоци за возачите, а во возилото се наоѓаат и низа противпожарни апарати и лекарски уреди. Но за да се биде одговорен за виталната задача за превоз на медицинската екипа не е доволно да се биде најмоќен, туку треба да се има и ултимативни возни својства.
А нив Aston Martin DBX707 е подготвен да ги покаже на најпознатите светски тркачки патеки. Постигнува 100 километри на час за само 3,1 секунда по заслуга на 707-те коњски сили и вртежниот момент од 900 њутн-метри. Со карактерот со кој е проектиран и уверливите способности сега возачите на формула 1 ќе бидат побезбедни бидејќи побрзо ќе ги донесе медицинарите таму каде се потребни. Се надеваме дека ќе има што помалку работа.


