Aston Martin DBX S – Унапреден за борба со Италијанците

Aston Martin многу се надеваше од својот кросовер DBX но иако е одлично возило и имаше добар стар на продажбата, италијанските ривали не му дозволија да ги постигне амбициите.

Затоа иако малку задоцнето Британците го унапредија со засилен мотор. Не многу, но доволно да понесе суфикс S во ознаката кој кажува дека DBX сега има 727 коњски сили и е за добри 47 килограми полесен.

Сепак тоа е доволно само за подобрување на забрзувањето до 200 километри на час – бројките до сто и за максималната брзина останаа исти, 3,3 секунди и 310 километри на час.

Од останатите технички измени од Aston Martin ги споменуваат ремапирањето на деветстепениот менувач, наново програмираните режими на возење и карбон-керамичките сопирачки.

За да се намали тежината DBX S доби нов покрив од јагленородни влакна и маска од истиот материјал, а 23-инчните тркала се направени од магнезиум.

Колку овие зафати ќе се одразат на буџетот на купувачите не е познато, но тоа сигурно нема да биде малку. Повеќе детали ќе дознаеме при крајот на годинава кога ќе започне производството.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER