Шест децениското партнерство се прославува со посебно изработен модел ограничен на 60 примероци
Aston Martin и франшизата за Џејмс Бонд стапија во цврста врска 1964 година кога марката му „овозможи“ на агентот 007 да шармира и да им се спротивставува на негативците, покрај, со своите вештини и со својот автомобил. Aston Martin дебитираше на големиот екран со DB5 во Голдфингер.
DB5 стана еден од најпознатите автомобили во светот и еден од најважните модели на семејството DB. Во омаж на тоа сега најновиот модел во гамата го добива и Бонд третманот. Специјалното издание ќе се произведе само во 60 примероци и има четирилитарски битурбо V12 со 680 КС под хаубата. Нема да има сопатничко седиште со вграден катапулт, но зато внатрешноста е украсена со 18 каратни позлатени акценти.
Тие го красат тркалцето за режим на возење, контролните ролери и засечената рачка на менувачот, која е инспирирана од златниот уред за следење што Бонд го користеше во филмот. Овој мотив продолжува и во украсните влошки, каде што златни метални влакна се вткаени во сјајниот карбон. Goldfinger Edition DB12 е претставен во боја „сребрена бреза“, инспирирана од DB5 од Goldfinger.
Сребрените 21-инчни тркала со повеќе краци со дијамантски завршетоци се надополнети со црни клешти на сопирачките, посебни златно обоени странични лајсни и уникатно лого на Aston Martin во сребрена боја со црн емајл. DB12 Goldfinger Edition беше развиен од експертите за дизајн на компанијата во Q by Aston Martin. Оваа персонализација и услуга направена по мерка нуди различни опции, слични на Department Q на британската тајна служба претставена во филмовите за Бонд.
За разлика од неа, одделението Q на Aston Martin, има извонредни вештини за дизајн и занаетчиство, па клиентите можат лично да ги конфигурираат своите нарачани автомобили, од еден мал, карактеристичен детал до целосен дизајн и производство на компоненти по нарачка.