Ретко кој има слушнато за канадската компанија Argo која скоро шест ипол децении нуди возила подготвени да се справат со најпредизвикувачките теренски услови каде и да е во светот.
За што се способни може да се претпостави со само еден поглед – далеку од изгледот на робусните теренци тие се работни машини приспособени на барањата на оние на кои им требаат такви.
Еден од нивните најпопуларни модели е Sasquatch кој буквално е незапирлив. Во основа е камионче со брутална погонска механика способна да преживее сé. Огромните грубо назабени тркала му овозможуваат да се движи по секаков терен – мочуришта, длабок снег па дури и да плива на површината на вода.
Притисокот во нив автоматски се регулира според подлогата а возилото со избор на еден од четирите режими за секунда го менува својот карактер. Може да се сврти во место, а 1,8 литарскиот дизел мотор на Hyundai ќе го дотера до 40 километри на час. Интерес за него има на сите континенти, а цената која јавно не се соопштува се движи околу 200.000 евра.


