Изненадување од Alpine
Паралелно со електриката, Alpine го ќе воведува и водородот како погонско гориво за своите модели
Додека некои ексклузивни производители надежта за продолжување на векот на моторите со внатрешно согорување ја гледаат во синтетичките горива, Alpine се реши за водородот. Воведувањето на оваа технологија ќе се одвива паралелно со развојот на целосно електричната гама која ќе започне да се појавува веќе идната година. Водородот е една од ретките супстанци кои горат, а не содржат јаглен. Предноста му е што неговата енергетска вредност во однос на бензинот е за скоро три пати поголема, но недостаток е доста мала густина заради што за негово складирање треба многу повеќе простор. Затоа и се користат резервоари под висок притисок, што ја усложнува целата конструкција не само на возилата туку и на инфраструктурата за полнење и транспорт на водородот до неа.
Иако доста со доста воздржани најави за користење на водородот, Alpine конкретно гледа можност за негова употреба во возилата кои би учествувале во трките на издржливост. Нивните бензински моторите едноставно би се прилагодиле на новото гориво, а полнењето водород нема да влијае на постигнатите времиња.


