Alpine – Последните бензинци

Пред да премине само на електрична енергија, Alpine лансира две специјални верзии на A 110.

Следната година перформансната марка Alpine ќе го прекине производството на модели со мотори на согорување и ќе се фокусира само на електрични возила.

По повод 70 годишницата од постоењето го претстави моделот A 110 R „70“ кој е ограничен на 770 примероци. Ова го означува крајот на производството на верзиите „R“. Каросеријата на 300 коњи силната изведба како и тркалата се направени од јаглеродни влакна.

Достапни се десет различни бои на надворешноста и четири варијанти на опрема. Други карактеристики на A 110 R „70“ вклучуваат Akrapovic издувен систем и седум можни бои за клештите на сопирачките Brembo.

Логото „70th Anniversary“ е лоцирано на лаковите на тркалата, праговите на вратите и потпирачите за глава, кои со нумерираната плочка ја демонстрираат ексклузивноста. Монограмот на француското знаме се наоѓа на столбот на возилото и на внатрешната страна на вратите.

Во рамките на специјалната серија, сè уште има по 70 примероци во Caddy Blue, Arctic White и Seismic Red. Тие оддаваат признание на тробојниот A 106, кој беше претставен во 1955 година како прво возило на марката. Ново за моделската 2025 година е и изведбата GTS која ги заменува верзиите GT и S.

Исто така моторот испорачува 300 КС и е опремен со спортската суспензија. Достапни се црни кожни комфорни или тркачки седишта. Аеро комплетот е опционален, а изведбата GTS е достапна во три дополнителни мат бои.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER