Шест децинии по дебитирањето на 24 часа Ле Ман, Alpine го претстави A424_β, својот адут за следната година
Alpine го полира својот имиџ на спортска марка на групацијата Renault.
24 часовниот спектакл на Ле Ман го искористи за прикажувањето на хипер автомобилот со кого ќе настапи во врвната класа (LMDh) на Светскиот шампионат на FIA Endurance.
Ознаката A424_β симболизира дека е наменет за 24 часовни трки и сезоната во која ќе се натпреварува, 2024 година, а β ја означува дека прикажаниот болид е во последна фаза пред неговото лансирање.
Импресивниот изглед во голема мерка е инспириран од Alpenglow, неодамна претставениот концепт автомобил. Технологија се базира на искуствата стекнати во Формула 1 и прилагодени на регулативите што важат за класата.
3,4 литарскиот V6 турбо мотор произведува 500 kW и засилен е со хибриден систем од 50 kW. Минималната тежина на болидот е ограничена на 1.030 килограми. Иако има ште една година до дебито на домашниот асфалт, А424 ќе помине низа тестирања на различни патеки, па дури и една 24 часовен тест на издржливост.
Огненото крштевање е закажано за март 2024 кога ќе се наптреварува на шест часовната трка во Катар во FIA WEC шампионатот.


