Тоновите станаа резонантни
Со воведувањето на дизел мотор, Alfa Romeo дополнително ја проширува својата гама за спортско-теренското возило Tonale. Покрај хибридниот погон, кој комбинира турбо бензинец со електричен мотор, Alfa Romeo Tonale сега може да се нарача и со турбо дизел. Означен како VGT-D, 1.6 литарскиот дизел мотор има моќност од 130 коњи, развива максимален вртежен момент од 320 њутн метри и ги пренесува преку шестстепен менувач со двојна спојка. Новиот дизел мотор е наменет конкретно за корпоративните и флотните клиенти. Потрошувачката според WLTP е во просек помеѓу 5,9 и 5,2 литри на 100 км, а вредностите на CO2 помеѓу 155 и 137 г/км. Tonale Diesel доаѓа стандардно со активна дистрибуција на вртежниот момент (Dynamic Torque Vectoring) и Alfa Dynamic Suspension, подвозје со автоматско подесувани амортизери.


