Alfa Romeo – Quadrifoglio се враќа во игра

Откако Alfa Romeo реши да ги врати дизел моторите за Giulia и Stelvio, сега се враќа и верзијата Quadrifoglio со 520 КС.

Вистинските „Алфисти“ ја чекаа оваа одлука како жеден вода. Само малкумина ќе имаат доволно пари да уплатат на контото во Милано за да седнат зад управувачот на изданијата закитени со детелинката со четири листа.

Сепак, добра вест е што миланскиот шармер се свести и повторно во понудата ги враќа своите престижни изданија со 520 КС! Нарачките ќе се отворат за неколку недели. 2,9-литарскиот би-турбо V6 мотор ги забрзува Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio од 0 до 100 км/ч за помалку од четири секунди.

Максималната брзина на седанот е поголема од 300 км/ч, додека кросоверот Stelvio со погон на сите тркала достигнува над 280 км/ч. Неколку компоненти, како што се хаубата, спојлерот и погонското вратило, се направени од јаглеродни влакна.

Наведените аргументи не се единствени што ќе ја направат фактурата да биде шестоцифрена, се разбира, во евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER