Европските бирократи како да му се намерачија на Stellantis
После насилното преименување на новиот кросовер Milano и запленувањето на пратката возила од малиот Topolino, компанијата сега мора уште еднаш да свитка опашка пред прописите. Но овој пат јавноста сигурно ќе биде бесна, не само италијанската. Имено согласно новата европска регулатива за безбедност на пешаците возилата во иднина мора да имаат регистарска табличка поставена на средина, никако настрана. Тоа можеше да се забележи и кај Milano, сега по ново Junior но заради целата медиумска каша околу името никој не ги слушна тие што реагираа на овој детаљ.
Дека марката мора да го прилагоди изгледот на своите возила официјално и е потврдено од страна на шефот на дизајнот на компанијата. Во спротивно, тие нема да можат да добијат хомологација за редовен сообраќај, барем не во Европа. Alfa Romeo за прв пат започна да ги монтира регистарските таблички на своите модели пред 70-тина години. Тогаш не кај сите, но последниве децении тоа стана препознатлив знак на марката и пркосниот карактер на нејзините автомобили.