Alfa Romeo на работ на катастрофа
Се случи очекуваното – Alfa Romeo заплови во ризични води и стигна до струи кои ќе ја однесат до виорот на неповратот. Дали ќе се спаси или со себе ќе ја повлече целата група?
Објавено на 29 јуни 2018 година
Сигналите одамна ги имаше, но Италијанците мудро ги маскираа а цел свет им веруваше. Но сега маските паднаа и време е за соочување со болната вистина. А таа е има ли спас за Alfa Romeo, но и за целата група Fiat Chrysler? Иницијалната каписла која ја поткрена болната дискусија на реално ниво е прекинувањето на производството на моделот Alfa Romeo 4C Coupe. Да беше сé друго како треба ќе кажевме ништо страшно, но не е така. Прво, уште кога се појави овој модел со акламација беше оквалификуван како прескап. За алфистите беше она вистинското, но сепак дури и тие се согласуваа дека неговата цена од 60-тина илјади евра е далеку од разумна. Заради тоа и досега се продаваа по едвај околу илјада примероци во Европа и половина од тоа во САД. Сега ќе дојде крај и на тоа и Alfa Romeo 4C ќе замине во историјата – најпрво купето, а сигурно брзо после него и спајдерот.
Прашањето е дали (или во попесимистичката варијанта кого) ќе повлече со себе – Alfa како марка или пак дури и FCA како цела група.