Ако не поминуваш масовно, терај ексклузивно!
Италијанците се вистински мајстори да продадат прикаска. Секако, таа е зачинета со многу емоции, коњски сили и богата историја.
Му благодариме на Севишниот што Alfa Romeo нé изненеади со нешто што очекувавме од „миланскиот шармер“. Многу сила и тоа зачинето со многу емоции. Рака на срце, ваквиот пристап е уникатен, но резервиран само за десет вистински вљубеници во марката.
Под називот Bottegafuorisere што на певливиот италијански јазик значи „купувајте ноќе“ Alfa Romeo заедно со Maserati ја обзнани својот бренд за специјално изработени примероци. Се работи за ексклузивна изведба дизајнирана да го промовираат новиот оддел за персонализација на Stellantis.
Инспирирана е од хидрофоилите на тркачката јахта Luna Rossa. Моќта сè уште доаѓа од познатиот би-турбо кој го пумпа 2,9-литарскиот V6 мотор кој испорачува 520 КС, но лесно способен да испорача повеќе од 608 КС со едноставно ремапирање.
Механичкиот диференцијал со ограничено лизгање ги одржува работите уредни без потреба од погон на сите тркала, додека погласниот издувен систем на Akrapovic се грижи за вистинскиот звук. Иако цените не се објавени, сите 10 автомобили се веќе продадени по баснословна цена. Тоа го заслужува Alfa Romeo.



