Alfa Romeo 33 Stradale – Испорачан првиот примерок

Alfa Romeo го исполни своето ветување и го испорача првиот примерок на 33 Stradale

Овој ултимативен спортист со две седишта базиран на механиката на Maserati MC20 го одбележува враќањето на марката во престижниот свет на автомобилите направени по нарачка.

Со него се покажуваат и вештините на италијанските мајстори кои филигрански работеа да го создадат, а во креирање учествуваа и сите 33-ца негови купувачи. Екстремните перформанси го обезбедува 2,9 литарскиот твин-турбо V6 мотор развиен од оној на Giulia Quadrifoglio.

Своите 629 коњски сили преку осумстепен менувач со двојна спојка ги испраќа на задните тркала обезбедувајќи максимални 333 километри на час и спринт до сто за помалку од три секунди. За ентузијастите Alfa Romeo 33 Stradale ќе биде на располагање и со електрична погонска група со 750 коњи и автономија од 450 километри.

Цената која официјално не е позната се проценува дека се движи околу милион евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER