Француски бонбончиња
Покрај практичноста оваа категорија возила може да се управуваат без возачка дозвола
објавено 02. февруари 2021
Францускиот производител на мали возила во класите L6e (до 45 км на час) и L7e (максимум 20 КС) им даде на своите возила целосно подновен изглед. Каде што претходно преовладуваше црната пластика, сега има лакирана завршница што визуелно го зголемува предниот дел.

Покрај тоа, тука се и ново дизајнираните спојлери, решетката на ладилникот, фарови и задни светла. Хаубата е сега и покарактеристична. Во крајна линија сега лесните возила изгледаат многу повозрасни и личат на автомобили. Во зависност од варијантата на моделот, дизајнот на решетката и предната страна малку се разликуваат. Изведбите GTO и GTI се особено динамични. Со оптичката префинетост, на сите модели на автомобили Aixam им е дадена наставката Емоција. Германскиот ценовник за Aixam City Emotion започнува од 11.290 евра. Водечкиот во продажба модел наречен мини автомобил, достапен за нешто помалку од 9.000 евра, останува во оригиналната форма.



