Aiways – U6

Поглед во иднината

Инспириран од модерните играчки

По запознавањето со надворешниот дизајн, сега е демистифициран и интериерот.

објавено 22. јули 2021

Кинескиот производител на електрични автомобили Aiways полека но сигурно го подготвува својот деби на европскиот пазар на моделот скроен за Стариот континент. Изгледот каросеријата е сосема добро прифатен од публиката кој не е „наследство“ од традиционалниот дизајн а дело е на тим  кој работеше во Кина, Јапонија и Германија. Сега се открива изгледот на внатрешноста која има цитати од многу елементи каде е воочлива многу колорноста. Воланот со два крака е инспириран од Формула Е, седиштата потсетуваат на оние од пилотска кабина, звучниците се инсталирани во потпирачите за глава, додека рачката на менувачот е „превземена“ од онаа за забрзување на глисери.

Исто така, стаклениот покрив долг повеќе од два метра има форма на купола како командните центри на вселенски бродови видени во филмови на научна фантастика. Кросоверот U6 е наменет за младите купувачи кои пораснале со конзоли за играње. Во внатрешноста доминира интуитивниот екран а асистентите се состојат, меѓу другото, од систем за контрола на крстарењето и систем за предупредување за напуштање на лентата на движење. Тука се надополнува асистентот за автопат, кој го одржува растојанието до возилата што се движат испред. Понудата е дополнета со паркирање со далечински управувач, што ја елиминира потребата за влегување и излегување од тесните места за паркирање. Aiways сè уште нема објавено цени, но ги опишува како „многу конкурентни“. U6 ќе се појави на европските пазари на почетокот на 2022 година.