Aiways – Finn.auto

Вести

Игра без ризик

Кинеските електрични возила наоѓаат начини како да се пробијат во Европа

објавено 18. август 2021

Неодамна се претстави во Европа преку пласирањето на пристојна количина електрични кросовери по популарна цена. Aiways U5 се истовари во Норвешка и Германија каде првите количини беа распродадени експресно што поради електричниот погон што поради поволната цена. Сега во соработка со компанијата за изнајмување возила по специјални услови Finn.auto подготвува ново изненадување. Услугата за претплата на автомобили ќе биде проширена со кинескиот производител на електрични автомобили Aiways со 500 целосно електрични кросовери U5. Finn.auto нуди претплатнички договори за месечен или долгорочен закуп на возило без дополнителни трошоци, освен полнење гориво. Кинескиот производител на автомобили се обидува да го искористи претплатничкиот модел за побрзо да најде пласман, бидејќи ризикот е многу низок. Покрај U5, кој е веќе достапен, Aiways ќе го донесе својот втор модел во Европа, U6  SUV Coupé, на почетокот на 2022 година.