Истовремено кога Лука де Мео го отстапи претседателското столче на ACEA, Stellantis побара пак да биден примен за членка на ова тело
Европската асоцијација на производители на возила АЦЕА има нов претседател – место Лука де Мео кој ја водеше минативе две години, на оваа позиција е изгласан извршниот директор на Mercedes Ола Калениус, исто со двегодишен мандат. Знаејќи какви маки го очекуваат, тој изјави дека ќе работи на пазарно преминување на електрични автомобили и дека ќе се фокусира на подобрување на регулаторните услови со цел да се изостри конкурентската предност во дигиталната и електрична ера. Додаде и дека ACEA ќе работи на декарбонизација на индустријата водена од пазарот, наговестувајќи дека би можел да лобира кај официјалните лица на Европската унија да го забават темпото кое го наметнува преминувањето на електричните возила.
Stellantis, пак, практично веднаш после повлекувањето на Карлос Таварес побара пак да биде примен за членка во асоцијацијата. Компанијата неа ја напушти пред две години за што тогаш наведоа дела овој нивни чекор е дел од новиот пристап за решавање на прашањата и предизвиците на идната мобилност, вклучително и оддалечувањето од традиционалната активност на лобирање.