AC Cobra – GT Roadster

Модернизирана класика

Зашеметувачкиот родстер го користи познатиот V8 и потполно нова основа

Најстарата активна британска марка на автомобили AC Cars за април го најави својот нов модел. Традицијата што ја негува производителот на малосериски спортски изведби датира од 1901 година и неа најдобро ја демонстрира AC Cobra, модел претставен пред шест децении.

Низ овој временски период основата на дизајнот остана иста, но секоја серија има подобрувања. Така е и со најавениот  за април GT Roadster. Надворешноста е во духот на препознатливиот дизајн додека вистинските промени се однесуваат на техничката спецификација. Таа ни открива дека каросеријата е продолжена за 110 мм и поставена на нова основа која има 284 мм подолго меѓуоскино растојание.

Направени се низа оптимизации за да се извлечат максимални перформанси од бензинскиот мотор. V8-ката сега испорачува 663 коњи и 780 Nm кои спринтот од мирување до 100 км/ч го совладуваат за 3,4 секунди. Галопот се одржува преку шест степен мануелен или опционален 10 степен автоматски менувач. Иако цената не е објавена интересот од колекционерите е голем, па веќе се земаат бројчиња за чекање за првите возила чија испорака ќе се случи во текот на идната година.

Производителот вешто ги избегнува одговорите околу прецизниот датум на испорака и цената, но ветува дека тоа ќе го објаву или во април, кога е закажана официјалната премиера, или во текот на летните месеци кога ќе биде претставен на купувачите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER