Најстариот активен британски производител на возила претстави брутално купе.
Обединувајќи ја иконската естетика на историската AC Cobra со фиксна линија на покривот и закривен заден дел, GT Coupe претставува нова ера за компанијата која ја слави 125-годишнината од своето основање.
Мешајќи го своето минато со пофокусиран и поагресивен став AC Cobra GT Coupe ја нагласува драматичноста на супер автомобилот. Споделувајќи приближно 75% од својот инженеринг со GT Roadster, новиот модел има корист од сеопфатни подобрувања развиени за време на тестирањето и развојот.
За перформансите задолжен е пет литарски V8 мотор, кој испорачува до 730 КС, кому нема да му биде тешко на алуминиумската рамка и уникатна каросерија од јаглеродни влакна да обезбеди импресивно искуство во возењето. AC Cars изработува околу 100 рачно изработени автомобили годишно и ја слави 125-годишнината од постоењето.
Во услови на екстремно ограничено производство, секој примерок се прави специјално за купувачот. Новиот AC Cobra GT Coupe ќе се продава помеѓу 234.300 и 256.300 фунти. Првите примероци ќе бидат испорачани во 2028 година, откако ќе бидат завршени првичните испораки на GT Roadster.


