Со лансирање специјална серија на малиот Abarth 695, прочуената тјунерска куќа започна со одбележувањето на својата 75-годишнина.
Mоделот ќе биде произведен во 1.368 примероци колкава што е зафатнината на турбо моторот што го има.
Неговите 180 коњи преку петстепениот менувач ќе го дотераат до сто час за 6,7 секунди и до максимални 225 километри на час. За запирање ќе се грижат вентилираните и перфорирани дискови со пречник од 305 милиметри и црните Brembo алуминиумски клешти.
За контрола на перформансите пак посебните Koni амортизери а за комплетно задоволство издувниот систем Record Monza со активен внатрешен вентил за модулација на звукот. Тркалата се од 17 инчи со финиш во златна боја, а меѓу интересните стилски детали е и шкорпијата од логото преку целиот покрив.
Во внатрешноста дизајнерите имаат создадено ексклузивен и шармантен амбиент со елементи од алкантара, нови карбонски седишта и бројни мултимедиски и конективни функционалности. Сето тоа чини 3.500 евра повеќе од најскапата верзија на Abarth 695.


