Abarth – 1000 SP

Поглед во иднината

Во име на минатото

Во богатата историја на Abarth историскиот ЅР 1000 е пресвртница

објавено 19. мај 2021

Пред 55 години на сцена стапи спајдерот развиен во соработка на Alfa Romeo. За главен инженер бил назначен инженерот Марио Колучи чија конструкција овозможила забележителни успеси на трките. Неговата продукција била во ограничен број, но значително придонесе за славата на брендот. Инспириран од стилот, перформансите и победите во трките, Centro Stile Abarth го претстави концепт автомобилот во знак на почит кон својот легендарен претходник. Наречен Sport Prototipo ги носи карактеристичните линии на неговиот историски претходник. Обликот на каросеријата ја побудува носталгијата на некои далеку по романтични времиња кога изгледот и механиката беа императив.

Сега се употребени модерни решенија. Каросеријата лежи на рамка изработена од алуминиум засилена со карбонски влакна. За да се оправда присутноста на шкорпијата, заштитниот знак на Abarth, централно е поставен четирицилиндричен мотор од 1,8 литри кој испумпува 240 коњи со помош на турбо полнач. Како и кај историскиот модел, се планира да се произведе ограничен број на примероци. Колку и по која цена ќе дознаеме по официјалното претставување планирано за есен.