Toyota Camry XI – Јапонска премиера

Името Camry потекнува од јапонскиот збор „Kanmuri“, што значи „Kруна“.

Можеби звучи сосема нормално Toyota Camry да се продава во Јапонија, но малку е необично што за „домашниот“ пазар се произведува во Кентаки. Не е ништо зачудувачки што лимузината Camry во САД се продава како алва. Впрочем, тоа е најголемиот пазар за овој производ на Toyota. Јапонците се надеваат дека овој тренд ќе го пренесат и во својата матична земја. За воља на вистината, на почетокот сосема претпазливо бидејќи големиот седан прекина таму да се продава пред три години.

Сега е време за нов почеток. Од средината на следниот месец Camry се враќа во родната земја. Со ревидиран, далеку по спортски дизајн, возилото е прецизно прилагодено за јапонските патишта. Во однос на естетиката, 11-тата генерација на Camry го носи препознатливиот дизајн на Toyota, познат како „Нammerhead “, што му дава елегантен и усогласен изглед.

Нискиот преден дел и агресивните агли на браникот црпат силна инспирација од светот на трките. Што се однесува до димензиите, моделот совршено се вклопува во E сегментот, долг е 4.920 мм, широк 1.840 мм и висок 1.450 мм. Camry го задвижува хибриден систем со 2,5-литарски мотор и овозможува агилна и брза реакција при забрзување.

Сепак Јапонците се претпазливи. Цел им е годишна продажба од 11.000 возила годишно или 850 возила месечно .

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER