Покрај ревидирањето на агрегатите, лавот од Барселона доби освежување на пакетите на опременост.
За да ги исполни најновите барања за емисија на штетни гасови според стандардот Euro 7, ЅЕАТ го прилагоди познатиот 1,5 TSI со две верзии на моќност. Сега понуда вклучува eTSI мотор со истата зафатнина со 115 и 160 КС.
Двете изведби користат благ хибриден систем во комбинација со седумстепен DSG менувач. Моторот со 160 КС е новитет во понудата, верзијата со 115 КС е технички ажурирана за да ги задоволи најновите еколошки стандарди. Новите eTSI верзии ќе бидат достапни од крајот на ноември 2026 година.
Техничкото ажурирање е поддржано и со збогатување на пакетите на опременост кои прават суптилна, но воочлива дистинкција во надворешниот и внатрешниот изглед. Дизајнерските освежувања воведуваат специфични комбинации на екстериерот и внатрешноста со материјали, бои и декоративни елементи за пакетите опрема Style и FR.


