Фабриката во Квасини го произведе петмилионитото возило откако официјално стана дел од Škoda во 1949 година.
Историјата на оваа локација датира од 1934 година, кога започнало склопувањето на каросерии за автомобили.
Во текот на речиси 80-те години во рамките на Škoda, фабриката произведе некои од најпопуларните модели во историјата на брендот, од 1101 Tudor, преку роудстерот Felicia, па сè до Octavia Combi.
Таа беше и местото каде што се родија исклучително успешните спортски и тркачки купеа со мотор поставен назад, како што се 110 R, 200 RS и 130 RS. Денес, Квасини е една од најнапредните и најефикасните фабрики во рамките на Volkswagen Group, каде што на флексибилни производни линии се произведуваат моделите Octavia, Karoq и Kodiaq.
Фабриката во 2025 година постигна рекордно производство од 301.500 возила.
Годинава од производната лента во Квасини излезе и милионитиот примерок на Karoq.


