Подготвен за тркачка патека
За да ја прослави 50-годишнината од постоењето на линијата GTI, Volkswagen го претстави ID.Polo GTI Clubsport Concept, електричен концепт автомобил дизајниран за тркачката патека, со 367 КС, 550 Nm вртежен момент и погон на предните тркала.
Во споредба со стандардниот модел со 226 КС, ова претставува зголемување на моќноста од 141 КС. Погонскиот склоп е изведен од поголемите модели со погон на задните тркала како ID.7 и ID.Tiguan, но кај тркачкото ID.Polo, тој ги задвижува предните тркала. Електронски диференцијал со ограничено лизгање, адаптивна суспензија и керамички сопирачки обезбедуваат оптимална влечна сила и управување.
Со контрола на лансирање, купето со две врати забрзува до 100 км/ч за 4,7 секунди, достигнувајќи максимална брзина од 240 км/ч. Визуелно, проширените браници, сплитер, дифузер и задно крило од јаглеродни влакна го нагласуваат неговиот тркачки карактер.
Внатре, инфозабавниот систем е заменет со седишта Recaro, појаси со пет точки за врзување и заштитен кафез. Пакетот E-Power ќе биде претставен на јавноста за прв пат на саемот за автомобили во Есен претстојниов викенд.











