Schaeffler – Затвора пет фабрики во Европа

Кризата во автомобилската индустрија сериозно се одразува на добавувачите на компоненти

Германскиот добавувач за автомобилската индустрија Шефлер соопшти дека ќе укине 3.460 работни места и ќе затвори пет фабрики во Европа. Компанијата наведе дека намалувањата ќе опфатат 16 локации, вклучително и затворање на четири фабрики во Германија и една во Белгија. До 2028 година, во Германија ќе бидат укинати околу 2.660 работни места, што претставува приближно 9% од основната работна сила на Шефлер во оваа земја. Извршниот директор Клаус Розенфелд смета дека овие мерки треба да овозможат „Шефлер“ да продолжи конкурентно да развива и произведува производи во Германија и Европа, и покрај значително повисоките трошоци за работна сила кои во Германија се околу 2,5 пати повисоки отколку во другите европски земји. Големите производители на автомобили како Volkswagen, Mercedes-Benz и Porsche, за кои работи Шефлер,  спроведуваат програми за намалување на трошоците со цел да ја зајакнат профитабилноста на пазарот што бележи пад. Со мерките што ги превзема Шефлер очекува годишно да заштеди од околу 300 милиони евра до 2030 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER