Суперавтомобилот станува уште поегзотичен со изведбата Spider.

Valhalla го отфрли покривот, но ги задржа своите 1.064 КС. е поатрактивно издание, кое ветува уште поголемо возачко возбудување. Задржана е монокок-шасијата од јаглеродни влакна од стандардниот модел, што овозможи да го отстрани фиксниот покрив без да ја загрози структурната цврстина на автомобилот. Стандардно доаѓа со платнен покрив, а купувачите можат да изберат и опционален отстранлив покрив од јаглеродни влакна. Со платнениот покрив, максималната брзина на суперавтомобилот е ограничена на 200 км/ч, додека со оној од јаглеродни влакна се постигнува електронски ограничена максимална брзина од 350 км/ч како и кај купе-верзијата.Возилото поседува специјален дефлектор за ветер кој го насочува воздухот преку кокпитот. Исто така, модифициран е и доводот за воздух на покривот, кој сега е за 35 мм повисок, со што се овозможува внесување на целото количество воздух потребно за моторот. Сите модели на Valhalla Spider стандардно доаѓаат со специјални „Touring“ седишта од јаглеродни влакна, дизајнирани за поголема удобност. Задржани се карактеристичните врати што се отвораат нагоре кои сега имаат дизајн без рамки. Како и кај купе-верзијата, за моделот Spider е достапен неверојатно широк спектар на опции. Тука спаѓаат каросериски панели од јаглеродни влакна, уникатни шеми на бои и дизајни, детали од јаглеродни влакна, издувни цевки во сатенска црна боја или од титаниум, како и ковани алуминиумски или магнезиумски бандажи. Едноставно кажано, моделот нуди исто толку широки можности за конфигурација како и верзијата. Погонскиот систем остана непроменет. Регрутиран е четири литарскиот V8 мотор со два турбополначи, кој функционира во комбинација со три електромотори. Овој систем испорачува вкупна моќност од 1.064 коњски сили и вртежен момент од 1.100 Nm, преку осумстепен менувач со двојна спојка и погон на сите тркала. Со вклучени сите достапни опции за намалување на тежината, автомобилот тежи 1.680 кг, што е само 25 кг повеќе од купе верзијата. За забрзување од 0 до 100 км/ч му се потребни само 2,5 секунди – што е исклучително брзо за автомобил со отворен покрив. Се претпоставува дека производството ќе биде уште поограничено во споредба со Valhalla Coupe, чија серија е лимитирана на 999 примероци ширум светот. Испораките ќе започнат во третиот квартал следната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER