Иако се очекуваше дека ќе ги користи капацитетите на Volkswagen, Audi донесе одлука да гради фабрика во Соединетите Американски Држави.
За локација е избрана сојузната држава Џорџија каде ќе бидат инвестирани 4 милијарди долари. Фабриката ќе има годишен капацитет од 200.000 возила и ќе вработува 4.500 луѓе. Изградбата ќе стартува идната година, додека првите автомобили од неа ќе започнат да излегуваат на почетокот на наредната деценија. Производственото портфолио ќе се состои од најголемите и најскапи кросовери – не е прецизирано точно кои но јасно е дека меѓу нив сигурно ќе биде Q9. Со овој потег Audi ја приспособува својата глобална стратегија која во иднина ќе се заснова на три главни столба – Европа, Кина и Америка. Audi лани во Соединетите Држави продаде 165 илјади возила, за 19 отсто помалку отколку претходната 2024-та. Најдобро продаван модел е Q3.


