Увозот на хибридни модели ќе подложи на годишна квота од 350 илјади возила.
До наглиот скок на продажбата на вакви автомобили дојде како реакција од кинеските производители на наметнатите царини за електричните возила. Купувачите многу не се мислеа – веднаш го препознаа одличниот баланс меѓу технологиите, практичноста и цената. Тоа ги охрабри кинеските производители да тргнат во поагресивно освојување на пазарот, во што успеаја. Европа реагираше мудро – место да влезе во уште еден трговски спор најде начин како и да ја заштити својата индустрија, и Кинезите да бидат задоволни. Така во игра се вклучи и извозот на ретки минерали кои се потребни на европската индустрија, за што отсега кинеските власти полесно и побрзо ќе издаваат дозволи. Дополнително, се споменува и механизам за обврзувачки минимални продажни цени. Мерките за ограничување на увозот на кинески хибриди ќе стапи на сила идната 2027-ма и ќе траат четири години. За оваа 2026-та се очекува Кинезите во Европа да продадат дури 800 илјади хибридни модели.


