Со освојувањето на пет ѕвезди, моќното спортско-корисно возило покрај простран ентериер и голема флексибилност, пружа сеопфатен концепт за безбедност.
Audi Q7 ја постигна највисоката оцена од пет ѕвездички на тестот на Euro NCAP. Третата генерација на моделот е истовремено и првото сериско возило во историјата што постигнало резултат од 100 проценти во категоријата за безбедност по судир.
Системот за итен повик „Audi connect“, сеопфатните информации за спасување, сопирачката за спречување повеќекратни судири и другите мерки што ги поддржуваат операциите за спасување и згрижување, им помагаат како на патниците во возилото, така и на спасувачките екипи на лице место, дури и по самата несреќа.
Како разновидно спортско-корисно возило погодно за различни животни стилови, Q7 ги спојува пространоста на ентериерот, удобноста, динамиката на возење и современите безбедносни решенија, доследно продолжувајќи ја посветеноста кон безбедноста на „Господарот на прстените“.



