XPeng G9L – Луксузен и сестран

XPeng ја прошири својата европска експанзија со големиот G9L кој настапува во бизнис-класата теренци.

Како и другите модели кои ги пласира тука, и овој ќе се произведува во Австрија благодарение на што Кинезите успеаја да му ја позиционираат цената на 75 илјади евра. Но таа ни оддалеку не ги отсликува неговите карактеристики, почнувајќи од должината од 5,12 и широчината од два метри.

Според XPeng овој нивни водечки модел олицетворува нова интелигентна класа возила со фокусот на технологиите и удобноста. Импресионира и со своите дизајнерски елементи со две светлосни ленти што се протегаат преку предната маска и главните светла поставени пониско на браникот кои на коловозот можат да проектираат предупредувања за велосипедистите и пешаците.

Профилот се одликува со издолжени и мазни линии а задниот дел на покривот благо се спушта што му дава доза динамичност и подобра аеродинамика за што се грижат и активните отвори за воздух. Внатрешноста е префинетата и високотехнолошка, а за врвна удобност климатизацијата е изведена на уникатен начин со отвори интегрирани во таванот.

Во централната конзола е сместен фрижидер способен и за ладење и за греење а аудио системот располага со технологија за активно поништување на бучавата од патот. Полнењето на батериите од 10 до 80 отсто трае помалку од 12 минути додека автономијата доближува до 600 километри.

Се нуди со погон на задните тркала и 367 коњски сили и во перформансна изведба со два електромотора со 585 коњи. Ослонувањето е интелигентно а поседува и автономни способности. Во поглед на безбедноста Кинезите наведуваат и дека се извршени вкупно 192 краш-тестови во кои се уништени 110 прототипи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER