Peugeot 208 и 2008 Envy – Уште поголема привлечност

Новото специјално издание Envy пристигна во Македонија

Peugeot ја збогатува гамата на моделите 208 и 2008 со новото специјално издание Envy, достапно со целосната понуда на електрични, хибридни и бензински погонски единици. Со ова специјално издание дополнително се зголемува привлечноста на овие модела преку додадени ексклузивни стилски елементи и дополнителна опрема внесувајќи дополнителна доза префинетост. Envy вклучува и ексклузивни дизајнерски елементи со што интензивно се нагласува францускиот карактер кај овие два култни и најпродавани модели на Peugeot.

Peugeot 208 и 2008 Envy се истакнуваат со нови ексклузивни бои на каросеријата, кои се достапни без доплата. Воведена е сосема новата зелена Alvao боја, која ќе ја надополни веќе постоечката палета на: жолтата Agueda, белата Okenite, сивите нијанси Artense Grey и Selenium и црната Perla Nera. Новите каросериски Envy бои кај 208 и 2008 се комбинирани со покрив во сјајно црна боја, а кај 2008 Envy кровот е надополнет и со надолжни кровни носачи во сјајно црна боја.

Однадвор специјалното издание Envy уште на прв поглед се издвојува благодарение на неколку препознатливи детали меѓу кои се истакнуваат и двобојните алуминиумски тркала со дијамантска завршна обработка и Black Mist лакирен премаз кој дополнително го нагласува нивниот геометриски дизајн. Peugeot 208 располага со 16-инчни Noma алуминиумски тркалa а 2008 со Karakoy 17-инчни.

За пософистицирана атмосфера, Peugeot 208 и 2008 Envy ја продолжуваат приказната на брендот и фокусот кон елеганција ѝ во патничката кабина. Седиштата се обложени со ексклузивна ткаенина Tremezzo. Но, на прв поглед највпечатливо е моќното Peugeot лого поставено на потпирачите за глава, а веднаш потоа се забележува и порабувањето со сино-зелена боја Opaltite, која кај ова ексклузивно издание продолжува и на панелите на вратите како и на потпирачите за раце. Кај двата модела алуминиумските прагови на предните врати имаат ознака Peugeot и со тоа се заокружува оваа софистицирана атмосфера. Значајно е да се напомене дека Peugeot 208 Envy дополнително располага и со таванска облога Black Mistral, на која има интегрирано ЛЕД-осветлување за во кабината.

Врз основа на веќе богатата опрема кај 208 и 2008 Allure, специјалното Envy издание дополнително вклучува неколку функции кои го прават секојдневното користење уште попријатно. Двата модела стандардно располагаат со систем за влегување во возилото и негово стартување без клуч, како и со камера за возење наназад која има висока резолуција. Кај 2008 Envy багажниот простор располага со две висински позиции, што им овозможува на корисниците да го оптимизираат просторот за багаж во согласност со нивните потреби во одреден момент. Со специјалното издание Envy, Peugeot дополнително ја зголемува привлечноста на своите два најпродавани модели, комбинирајќи уште повеќе стил, префинетост и богата опрема, истовремено задржувајќи ги нивната разновидност и ефикасност.

Оваа специјално издание сега е достапно и во Македонија. За повеќе информации обратете се во продажните салони на Еуроимпекс.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER