Hyundai го продолжува своето речиси три децениско присуство во светот на фудбалот со поддршка на шампионите.
Сите големи и мали фудбалски настани се тесно поврзани со Hyundai. Таквата политика на компанијата се проширува на највисокото ниво на европскиот клупски фудбал. Во рамките на повеќегодишното партнерство кое започнува со сезоната 2026/27 и ќе трае до крајот на сезоната 2030/31 Hyundai стана Официјален автомобилски партнер на UEFA Champions League. Визијата на брендот „Напредок за човештвото“ Hyundai се стреми кон создавање поинклузивна и поврзана иднина. UEFA Champions League, која ги обединува најдобрите клубови и играчи во Европа, ќе биде платформа преку која Hyundai ќе ја претстави својата визија за иднината на мобилноста пред милиони фудбалски фанови ширум светот.
Првиот модел кој ќе ја претставува Hyundai линијата во рамки на партнерството е целосно електричниот IONIQ 3, дизајниран и развиен во Европа за европските корисници. IONIQ 3 е првиот од петте големи нови модели кои Hyundai ќе ги лансира во Европа во сезоната 2026/27. Компактниот хечбек нуди до 497 километри досег според WLTP, со коефициент на отпор од 0,263 Cd, а располага и со 441 литар багажен простор и 14,6-инчен дисплеј со најновиот PLEOS Connect инфозабавен систем на Hyundai. Со новото партнерство, Hyundai продолжува да ја поврзува својата долгогодишна посветеност кон фудбалот со иднината на мобилноста, користејќи ја UEFA Champions League како глобална платформа за своите технологии, модели и визија за следната генерација возила.


